More

    Меџити бара резултати од истрагата за Онкологија за да се тргне срамот од лекарите

    spot_img

    Крајно време е веќе Јавното обвинителство да излезе точно со можните виновници на Онкологија за да се отстранат сомневањата и притисокот врз лекарската фела, рече министерот за здравство Фатмир Меџити при денешната посета на обновените амбуланти на Клиниката за неврологија.

    Тој уште еднаш го повика Обвинителството да излезе со информации за скандалот на Клиниката за Онкологија по сомневањата дека на пациентите им бил даван физиолошки раствор наместо биолошка терапија и дека се крадела и препродавала скапата терапија. За истиот случај подолго време трае предистрагата, а формирана е и Анкетна комкисија во Собранието, но засега нема епилог.

    Во денешниот емотивен говор министерот Меџити рече дека костумот и вратоврската што ги носи го задушуваат и дека тој претпочита да биде лекар, а не политичар.

    – Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, туку ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас, ќе ги подобриме работите – рече министерот

    Минатата недела, кога заврши сослушувањето на сведоците во Анкетната комисија за скандалот на Онкологија,, јавниот обвинител Љубомир Јовески извести дека предметот се води темелно и стручно и дека ќе дојде до вистината, но поради истрагата, за време на сведочењето пред пратениците, не откри детали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img