More

    Орбан вели дека Брисел ѝ должи пари на Унгарија

    spot_img

    ЕУ не смее да започне преговори за членство со Украина.

    Ова денеска за државното радио го изјави премиерот Виктор Орбан нагласувајќи дека ова е „јасен став“ на Унгарија по ова прашање, јавува Ројтерс.

    Лидерите на земјите од ЕУ треба да одлучат во средината на декември дали ќе ја прифатат препораката на Комисијата да го покани Киев да ги започне преговорите за членство веднаш штом ќе ги исполни конечните услови.

    Секоја таква одлука бара едногласност на 27-те членки на блокот, а Унгарија се смета за главна потенцијална пречка.

    Орбан, кој е на власт од 2010 година, рече дека унгарскиот спор со Брисел околу милијарди евра од фондовите на ЕУ суспендирани за Унгарија поради прашање на владеење на правото не може да се поврзе на кој било начин со поддршката на Унгарија за преговорите за пристап на Украина во ЕУ.

    – Преговорите за членство не смеат да се започнат, ова е јасниот унгарски став. Брисел ѝ должи пари на Унгарија. Би сакал многу јасно да кажам дека унгарското отфрлање на почетокот на разговорите со Украина за членството во ЕУ не е предмет на деловен договор. Тоа не може да се поврзе со прашањето за средствата што Унгарија има право да ги добие – вели Орбан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img