More

    Стејт департментот ѝ порача на Србија да ги разбере ризиците

    spot_img

    Водењето бизнис со компании со седиште во Кина е суверена одлука, но српската влада треба да биде свесна за краткорочните и долгорочните ризици и цената, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка во врска со наводите дека на Србија ѝ била испорачана кинеска воена опрема, јави дописникот на МИА од Белград.

    Портпаролот на Пентагон Џон Кирби претходно во Вашингтон изјави дека САД не можат да ја потврдат кинеската испорака во саботата во Белград, која официјален Пекинг ја опиша како вообичаена воена опрема или, како што наведе, да шпекулира за влијанието на Русија и Украина.

    Министерството за одбрана на Србија досега не даде одговор на прашањето на Гласот на Америка дали и каква воена опрема ѝ е испорачана на Србија од Кина и дали за тоа се користени авиони на кинеската војска.

    Првите информации за тој случај се појавија во саботата на порталот Tango six и на социјалните мрежи, чии корисници објавија фотографии од поголеми летала што го прелетуваа Белград.

    Tango Six соопшти дека на воениот аеродром Батајница крај Белград слетале повеќе (најверојатно 6) тешки транспортни авиони Y-20A на кинеското воено воздухопловство. Нивниот лет до аеродромот Батајница можел да се следи на јавните сервиси за следење летови. По Батајница, неколку авиони слетале на аеродромот Никола Тесла за да наполнат гориво и околу 9 часот полетале назад во Кина.

    – Ова е најверојатно првиот дел од испораката (се очекуваат повеќе летови) на кинескиот ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3, кој Србија го договори и плати во 2019 година, а преговорите за оваа набавка започнаа во НР Кина во 2018 година. Србија, барем официјално, ќе стане првата земја-корисничка на FK-3 што ќе ја претставува извозната верзија на системот HQ-22 – соопшти Tango Six.

    Агенцијата Асошиетед прес објави дека кинеските воено-транспортни авиони Y-20 на Србија ѝ го испорачале кинескиот ракетен систем HQ-22, чија извозна шифра е FK-3, но таа информација засега нема официјална потврда.

    Единствено што е познато е вчерашната информација од Кина дека нејзините воени авиони испорачале „редовна воена испорака“ на Србија.

    Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан изјави дека операцијата е дел од годишниот план за соработка на двете земји, дека не е насочена против трета страна и дека „нема никаква врска со моменталната ситуација“. Тој не даде никакви дополнителни детали.

    Во врска со кинеско-српските односи е и саботното соопштение на помошникот министер за надворешни работи на Кина и портпаролка на кинескиот МНР Хуа Чунјинг, дека Кина силно ја поддржува Србија во донесувањето одлуки врз основа на фундаменталните интереси на земјата и нацијата.

    – Ние се спротивставуваме на надворешните сили кои вршат политички притисок врз суверените земји и се спротивставуваме на принудувањето на другите земји да застанат на едната страна – напиша Хуа на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img