Во Центарот за трансплантација на органи, клетки и ткива на ВМА, на двајца осигуреници од Фондот за социјално осигурување на воени осигуреници успешно им беше пресадена рожница, со што се продолжи со работата на тој центар, соопшти Академијата.
Во ВМА приоритет за ваков вид хирургија имаат воените осигуреници, додека Управата за биомедицина на Министерството за здравство не формира единствена републиканска листа за трансплантација на рожница.
Примател на очното ткиво, во овој случај рожницата, не може да биде лице кое има болест која се карактеризира со тежок степен на суви очи, Стивенс-Џонсон синдром и изразена неоваскуларизација на рожницата.
Индикации за трансплантација на рожница во Србија, односно за најчесто изведена оптичка, перфоративна кератопластика, се псевдофакична булозна кератопатија, корнеални дистрофии, кератоконус, Фухсова ендотелна дистрофија, леуком, разни дегенерации на рожницата и други, се вели во соопштението за печатот на VMA.