Турската компанија ТАВ планира да се прошири на Балканот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турската компанија ТАВ планира да се прошири на Балканот. По инвестицијата во змејава заинтересирана е да инвестира и во црногорските аеродроми во Подгорица и Тиват. Компанијата  планира да се прошири и во Нигерија и Кувајт.

– Очекуваме развој во Нигерија и Кувајт оваа година. Внимателно ја следиме и Црна Гора каде што сме претквалификувани. Од 2025 година ќе влеземе во силен пат на раст со завршување на инвестициите, зголемување на сообраќајот, зголемен придонес на услужните компании и оперативна искористеност – изјави извршниот директор на ТАВ Серкан Каптан.

Владата на Црна Гора уште во 2018 година распиша тендер за давање под концесија на црногорските аеродроми. Планот беше дека аеродромите во Подгорица и Тиват да бидат дадени на концесија во траење од 25 до 30 години. Тој се уште е отворен, а претходниот состав на владата го промени мислењето и планираше само аеродромот во Тиват да го даде под концесија.

Тендерска постапка беше запрена поради изборите, но претходниот премиер Дритан Абазовиќ смета дека сегашната влада треба да се изјасни.

– Што мислам дека е и малку неправедно кон однапред квалификуваните понудувачи. Ако не сакаме да одиме понатаму, барем да ги информираме за тоа, со тоа што ако на ваков начин ја прекинеме постапката за концесија ќе бара одредени трошоци за државата и штети од околу 400.000 евра. Сметам дека идната Влада треба да заземе став за ова – изјави неодамна Абазовиќ.

Сегашната црногорска влада треба да одлучи дали ќе ја заврши почнатата постапка или ќе го поништи тендерот.

„ТАВ Аеродроми“ раководи со аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и во Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Мадина во Саудиска Арабија и аеродромот во Загреб во Хрватска.

Share This Article