Нетанјаху ја отфрла можноста, но функционери од Египет велат „нацртот е готов“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрлил можноста за  прекин на огнот во Газа сѐ додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи групата Хамас. Истовремено, светските медиуми пишуваат дека Израел, Египет, Катар и САД преговараат за тридневен прекин на огнот за ослободување на 10 до 15 заложници од Газа од кои повеќето имаат странски пасоши.

Меѓу заложниците, според извор за АФП, се и шестмина Американци. Исто така посредниците би добиле комплетен список на киднапираните.

Изворот навел дека паузата во борбите би била направена „за да му се даде подолг временски период на Египет да достави хуманитарна помош“, како и да му се овозможи на Хамас да ги ослободи дузината заложници.

Според Би-Би-Си, кој се повика на свој извор, спор во преговорите имало околу времетраењето на паузата и ситуацијата на северот на Газа.

Египетски функционер изјавил и дека посредниците го финализираат догворот. Доколку се постигне договор, на ист начин би можеле да се прават паузи и за ослободување на другите заложници.

Истовремено, постои несогласување околу тоа кој и како ќе управува со Појасот Газа по завршувањето на војната. САД ја отфрлија идејата на Нетанјаху дека Израел ќе биде одговорен за безбедноста на неодредено време. Во средата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека со Газа по војната треба да управуваат Палестинците.

– Тоа мора да вклучи владеење предводено од Палестинците и обединување на Газа со Западниот Брег под Палестинската управа – рече шефот на американската дипломатија на пресконференција во Токио.

Share This Article