ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат – оценува СДСМ во соопштение.
„Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.
Извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ.
Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.
ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност“ – се вели во реакцијата на СДСМ.