Ученици од училиште во Грузија на својата професорка и приредиле навидум непријатно изненадување, а потоа ја воодушевиле. Гест на учениците од Грузија го воодушеви светот, а видеото е вистински хит на ТикТок, има над 120 милиони прегледи за еден ден, споделено е над 200.000 пати, има 24 милиони лајкови и илјадници коментари.
Како што може да се види на видеото, наставничката влегува во училницата каде наводно неколкумина од нив се тепаат. Таа ги остава своите работи за да ја раздвои групата.
Таа преплашено им приоѓа и спречува „насилството“ да ескалира, а потоа следува уште поголемо изненадување – од толпата што ја создадоа момчињата кои симулираат тепачка, остана само едно момче, кое и подава букет цвеќе, а врз наставничката паѓаат шарени конфети.
Никој не ја знае причината за овој настан, но сигурно е дека им измами насмевка на сите кои го погледнаа видеото.