More

    Фестивалот ќе го отвори претставата „Декамаерон“ на Прилепскиот театар

    spot_img

    Со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 48. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ.

    На програмата на годинашното издание, што ќе се одржува до 18 ноември, има вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас-предавања.

    – Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега“ – вели режисерот Кочовски кој „Декамерон“ го постави на сцената на театарот во 2022 година

    Утревечер на сцена ќе биде поставена „Браќа Карамазови“ во режија на Оливер Фрљиќ на „Загребско казалиште младих“ – ЗКМ од Хрвстаска.

    На 10 ноември ќе се одржи претставата „Омаж за Каталин Ладик“ од театарот од Словенија, во режија на Ирена З. Томажин, Јуле Флирл. Како дел од ова програма, меѓудругото, премиерата ќе има и претставата „Поол“ во режија на Шенај Мандек, а во копродукција меѓу минатогодишните добитници на наградата „Биш“ – „Артопиа“ и „Хибрид“.

    Исто така, ќе биде прикажана и претставата „Геа“ во продукција на „ErosAntEros“ од Италија, меѓународна копродукција во која учествува и МКЦ/МОТ фестивалот, а која е реализирана како најдобар проект на EFFEA-програмата за 2023 година.

    Во рамките на официјалната програма ќе бидат прикажани и продукции од Естонија, Словенија, Германија, Чешка, Турција и Македонија.

    Од 16 до 18 ноември, на сцената во Железничката зграда во Скопје ќе биде претставен перформансот/тетараската инсталација во три дела „Градот како сцена II – приказна за шетачот“ на Филип Јовановски.

    На 17 ноември пак, ќе се одржи претставата „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српски народен театар од Нови Сад, Србија.

    Мастерклас ќе одржи долгогодишен продуцентот и менаџер за турнеи на Словенско младинско гледалишче од Љубљана Душан Пернат, насловен „Скриената улога на продуцентот“. Како дел од придружната програма е промоција на монографијата за Коле Чашуле на проф. Ана Стојаноска, работилница на режисерот Мираз Метин, а во соработка со „Локомотива“ од Скопје ќе биде реализирана и дискусија – кураторски разговори „Институција која недостасува / Дијалог кој недостасува“.

    Годинешната програма на фестивалот е поддржана од Министерството за култура (3.900.000 денари), Градот Скопје (650.000 денари), а преку партнерства, фондови, амбасади и министерства на други држави, за достојно одбележување на фестивалот обезбедени се дополнителни 2.300.000 денари.

    Годинешната програма на фестивалот е поддржана од Министерството за култура (3.900.000 денари), Градот Скопје (650.000 денари), а преку партнерства, фондови, амбасади и министерства на други држави, обезбедени се дополнителни 2.300.000 денари.

    Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img