На 07.11.2023 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Штип. При претрес извршен од полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога во домот и помошни простории, сопственост на неговиот брат Т.Ј. (32), во кој заедно живееле, по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот против А.Ј ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.