Групата Г7, седумте најразвиени земји во светот, штотуку издаде соопштение во кое вели дека поддржува хуманитарни паузи и коридори во Појасот Газа.
„Ја нагласуваме потребата од итна акција за решавање на влошената хуманитарна криза во Газа“, изјавија министрите за надворешни работи на состанокот во Токио.
„Ние поддржуваме хуманитарни паузи и коридори за да се овозможи итно потребната помош, движењето на цивилите и ослободувањето на заложниците.
Во соопштението не се повикува на прекин на огнот.
„Хуманитарните паузи“ се пократки од прекините на огнот, кои генерално се подолги и се дел од политичкиот процес.
Во соопштението министрите укажаа и на правото на Израел да се брани „во согласност со меѓународното право“.
Бајден и Нетанјаху разговараа за паузите во Газа
Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во непријателствата“, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.
Бајден го повика Нетанјаху да направи пауза за да овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да го олесни влезот на хуманитарна помош.
Белата куќа соопшти дека Бајден и Нетанјаху разговарале само за „тактички паузи“ за време на актуелната криза.