„Османи и тендер коалицијата ДУИ-СДС ќе рентаат возила 6 пати поскапо, иако секоја година прават тендери за купување нови возила“, обвини ВМРО-ДПМНЕ во врска со изнајмувањето возила од МНР за потребите на претстојниот самит на ОБСЕ/ОДИХР што ќе се одржи во Скопје.
„Власта преку МНР потпиша договор за рентање на 175 возила за два дена тежок 900.000 евра.
Доволно е да се направи наједноставно интернет пребарување и ќе се дојде до заклучок дека дури и возило од марката „мерцедес-С“ се рента по цена од 450 евра за еден ден, што кога ќе се помножи за два дена и за 175 возила ќе се добие цена не повисока од 160.000 евра.
Од километри се гледа дека власта 6 пати ќе го преплати рентањето на возила. Уште повеќе зачудува фактот што владата секоја година објавува милионски тендери за набавка на возила за министерствата или разните државни органи“ – се вели во соопштението на партијата.