More

    Родителите на малечката Јана од Битола ја напуштија Македонија

    spot_img

    Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола, која почина во битолската болница по примањето инфузија, се иселија од Македонија.

    Кумот на Јана, Игор Петковски, за Макфакс вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции.

    – Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако некогаш затреба, не дај Боже. Поминаа шест месеци од смртта на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа од државава. На најтешкиот начин почувствуваа како функционира таа спрега меѓу здравството, судството и сите институции што имаа допир со случајот на Јана. Сите оставија впечаток дека се штитат едни со други. Најгневни се на обвинителката, која го затвори случајот само врз основа на изјави, истрага не видовме. Институциите покажаа дека сите се поврзани едни до други и кај нас се владее по системот на династија – вели Игор Петковски, кумот на Јана, за Макфакс.

    Инаку, Јана почина на 22 март годинава во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, а нејзините родители се убедени дека причина за смртта е лекарска грешка оти ѝ била дадена инфузија со гликоза, која ѝ го качила шеќерот во крвта на 19 единици, а претходно никогаш немала такви проблеми.

    Девојчето беше однесено на лекар поради симптоми на настинка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img