Таа е најбогатата актерка на светот, а малкумина ѝ го знаат името

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џејми Герц и официјално е најбогатата актерка во светот.

Иако нејзиното име не е познато на многумина, таа играше улоги во филмовите и сериите „Безгранична љубов“, „Крстопат“, „Џерси девојка“, „Твистер“, „Ургентен центар“, „Али Мекбил“, „Модерно семејство“, „Соседи“, „Ова сме ние“ и други.

 

- Advertisement -
Ad image

Сигурно дека титулата најбогата актерка не ја стекна исклучиво преку актерски ангажмани. Таа и нејзиниот сопруг Тони Реслер се косопственици на НБА тимот „Атланта Хокс“ и малцински сопственици на „Милвоки Биверс“, пишува НМЕ.

Според веб-страницата Celebrity Net Worth, богатството на Џејми се проценува на осум милијарди долари. Иако многумина би претпоставиле дека таа се „омажила богато“, вистината е дека во времето на свадбата, таа заработувала повеќе, а тој една година по свадбата започнал бизнис со своите пријатели, кој со текот на времето, прилично му се исплатил.

Како што се наведува, таа ги плаќала сите нивни одмори и го купила нивниот прв дом во Лос Анџелес.

Овој пар е познат и по своите хуманитарни потфати. Во 2012 година, фондацијата „Giving Beck“ ги прогласи за донатори број еден меѓу сите јавни личности, по рекордните 10 милиони долари од Фондацијата Resler-Gerc, која првенствено се фокусира на уметноста, образованието и здравството.

Актерката е и директор на одборот на „Melanoma Research Alliance“.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article