Бока Jуниорс загуби во финалето на Копа Либертадорес од бразилски Флуминенсе, а тоа тешко го погодило навивачот Марсело Моралес кој си го одземал животот по поразот на неговиот омилен клуб.
Шпанска „Марка“ објави дека навивачот не можел да го поднесе поразот на Бока Jуниорс и затоа донел одлука да се самоубие, а тоа во изјава за медиумите го потврди и неговата мајка.
– Кога ќе беа поразени, тој се разочаруваше и кршеше сè околу него. Секогаш ми велеше дека Бока Jуниорс е нешто најдобро во неговиот живот, но Бока е ѓубре. Тие го убија. Сега го немам мојот син – кажа мајката на Марсело.