Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ и државниот министер за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Рим Ал Хашими потпишаа договор за укинување на визите.
Министерството за надворешни работи на БиХ на својот Твитер профил објави дека овој историски настан го отвора патот за подобрено меѓусебно разбирање, развој на туризмот, културна размена и економска соработка меѓу нашите земји.
„Се радуваме на иднината исполнета со заеднички просперитет и пријателство. Договорот стапува во сила 30 дена по потпишувањето“, се вели во објавата на социјалната мрежа.
За се зборуваше и министерот Конаковиќ.
„Со државниот министер за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Рим Ал Хашими, потпишавме договор за укинување на визите за граѓаните на Босна и Херцеговина. Договорот влегува во сила 30 дена по датумот на потпишување. Од 7 декември патуваме во оваа прекрасна земја без административни процедури“, рече Конаковиќ.
За потсетување, граѓаните на ОАЕ се ослободени од обврската за добивање визи за патување во БиХ со одлука на Советот на министри од 19 јануари 2015 година.