Ракометарите во последните секунди се спасија од пораз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29-29 против селекцијата на Грција, во првиот од двата пријателски натпревари што се играат во Солун, како дел од подготовките пред настапот на ЕП 2024 го Германија, во јануари.

Подготвителниот пријателски натпревар доби драматична завршница во која македонската репрезентација се спаси од пораз со голот на десното крило Ненад Костески во последните секунди .

Во првиот дел од натпреварот, Македонија имаше сигурна предност, во еден период и со пет голови разлика (11-6), а на полувремето водство од 15-13.

Македонските ракометари добро го почнаа и вториот дел и ја вратија предноста од пет разлика (17-12). Но, потоа следуваа грешки кои Грците ги искористија, изедначија на 21-21, а потоа и го прездедоа водството поведувајќи со 29-27 . Филип Кузмановски намали на гол разлика, а Ненад Костески го постави конечниот резултат.

Вториот контролен натпревар утре во Солун со почеток во 17.30 часот.

фото: РФМ

Share This Article