Главниот Штаб ги симна маските и во затворен простор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, како и  укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа и на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).

Како што информира владината прес-служба, на петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.

Share This Article