Како може до ден денешен да немате истрага за Онкологија?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невообичаено е кога јавен обвинител се однесува како пратеник на власта. Знаејќи го долгото правничко искуство на господинот Јовески ќе си дозволам да го потсетам и коригирам дека не е во право за Анкетната комисија бидејќи член 76 од Уставот го демантира. Членот 76 вели дека Собранието може да формира анкетни комисии за прашања од јавен интерес, изјави пратеникот Антонијо Милошоски на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со Онкологија каде сведочеше јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Милошоски нагласи дека ова е прашање од најголем јавен интерес.

– Тука не станува збор само за профит туку и загрозување на уставното право на здравствена заштита на голем дел од пациентите. Токму заради недостаток на лекови, препродажба на лекови, скапи лекови на црн пазар итн. А тоа се случувало и е потврдено од овластена институција преку извештајот од Државниот завод за ревизија. Како може Државниот завод за ревизија вам да ви достави уште во март извештај за сите овие недостатоци, а вие до ден денес да говорите за истрага и да немате истрага? – праша Милошоски.

Милошоски додаде дека разликата помеѓу предистрага и истрага е многу голема и во овластувања и наредби.

– Јавноста цело време говори и има очекувања. Политичката одговорност ќе ја утврдиме. Но нема со тоа да нарушиме во она што е надлежност на други институции, проблем е што другите институции не дејствуваат и затоа сме дојдени до момент на расправа на анкетна комисија – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски нагласи дека ако ЈО постапело посериозно и навремено и во март, јуни, јули покренело истрага и веќе дефинирало одредено дејание на кривично дело, осомничени, сега можеби овој предмет ќе беше во друга разрешница.

– Очигледно е овде дека вашиот неуспех, вашето неработење  неефикасност на ЈО кое сѐ уште има најниска доверба сакате да го покриете со префрлање на одговорноста на анкетната комисија. Имате законска обврска да и кажете на јавноста што имате постапено – изјави Милошоски.

Share This Article