Песков го демантираше написот на „Волстрит Џурнал“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кремљ денеска ги отфрли извештаите на „Волстрит Џурнал“ дека руската приватна воена група „Вагнер“ планира да му обезбеди на милитантниот либански Хезболах противвоздушен систем, велејќи дека таквата приказна нема основа бидејќи Вагнер „де факто не постои“.

– Веќе рековме дека, де факто, таква група (Вагнер) не постои – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Ројтерс.

Претходно, „Волстрит Џурнал“ објави, повикувајќи се на неименувани американски претставници, дека разузнавањето на Соединетие Американски Држави верува дека Вагнер планира таков трансфер на оружје.

Во статијата пишуваше дека Вагнер планира преку Сирија на Хезболах да му го достави системот Панцир-С1, кој на НАТО му е познат како СА-22. Противракетниот систем користи противвоздушни ракети и пушки за противвоздушна одбрана за пресретнување на авиони.

Групата Хезболах беше основана од Иранската револуционерна гарда во 1982 година, во средината на либанската граѓанска војна од 1975 до 1990 година. Тоа беше дел од напорите на Иран да ја извезе својата Исламска револуција од 1979 година низ регионот и да се бори против израелските сили по нивната инвазија на Либан во 1982 година.

Share This Article