Ќе се менуваат 7 закони за да се намалат платите на функционерите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потребни се 7 измени во законите за да се намалат платите на функционерите. Предлог ќе има наскоро на влада, а во следниот буџет нема да има енормно зголемување на нивните плати, изјави денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи.

– Се работи на оваа проблематика. Сакаме системско решение кое во суштина ќе значи нарушување на досегашната методологија за дефинирање на плати. Работната гупа која работи на проблематиката набргу ќе има предлог на владата за да ја испроцесираме целата постапка во Собранието. Во новиот буџет нема да има пари за најавеното големо зголемување на платите на функционерите поради сегашната методологија. Тоа што беше најавено помпезно, дека ќе има зголемување, нема да го има во новиот Буџет. Беше најавено дека поради методологијата, следната година сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи. Ќе има намалување и на парите и во другите ставки каде што има непродуктивни трошоци – рече Битиќи.

Тој појасни дека работната група која работи на проблематиката увидела дека со еден закон не може да се намалат платите на функционерите.

– Всушност, се испостави дека не може со еден закон да се адресираат сите 1.260 функционери и дека се потребни седум измени во законите зашто, на пример, измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг закон што е противуставно. Работната група тоа веќе го гледа, од минатата недела. Сакаме системско решение и мислам дека Работната група наскоро ќе има предлог кој ќе биде доставен во Владата за потоа да се испроцесира до Собранието – рече тој.

Вицепремиерот информира дека во 2025 година ќе има целосно нова методологија за плати според која, платата во јавниот сектор ќе се пресметува со истата методлогија по која се пресметува и платата на избраните и именуваните лица.

Догодина, како што рече, јавниот сектор ќе го добие зголемувањето на платите што ќе го издејствува преку гранковите колективни договори кои не може да бидат спротивни на начелата од Општиот колективен договор.

Share This Article