Поранешниот НБА кошаркар Волтер Дејвис почина во четвртокот на 69-годишна возраст.
Американските медиуми јавуваат дека тој починал од „природна смрт“. Дејвис ќе остане запаметен како легенда на Феникс Санс, чиј најдобар стрелец на сите времиња со 15.666 поени.
За време на неговата 15-годишна НБА кариера, Дејвис шест пати беше Ол-стар, сите шест пати како играч на Санс, за кои играше од 1977 до 1988 година. Потоа уште во два наврати играше за Денвер Нагетс, а накратко беше и во Портланд.
Тој ја доби и наградата за најдобар дебитант во НБА во 1978 година. Со американската репрезентација освои злато на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година.
Во негова чест, Санс подигнаа дрес со бројот 6 под сводовите на салата.