More

    Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за скандалот на клиниката за Онкологија

    spot_img

    Денешната прес конфереција на СДС која е реакција на скандалот „Диво Месо“ на клиниката Онкологија  само покажува дека оваа партија застанува во одбрана на канцер мафијата. Ова е потврда на нашите сомнежи дека целта на власта е преку развлекување на истрагата да спроведе нова операција „кабелот е крив“ овој пат и на клиниката за Онкологија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Новите податоци кои беа презентирани покажуваат дека монструозниот скандал на Онкологија траел и во текот на 2023 година, со месеци и години после алармирањето во јавноста. После два месеци од отворената предистрага, институциите не покренаа ниту обвинителен.

    Презентираните документи посочуваат дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапија  за болните кои се третирале на клиниката, никој не ги предупредувал оние кои треба да испорачаат и никој за тоа не одговарал. А, да потсетиме се работи за терапија која ја примаат најтешко болни и од која терапија зависи нивниот живот“ – стои во партиската реакција

    Од ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, која чини огромни средства, изразувајќи сомнежи дека „истиот вишок бил даван во торбичка на пациенти за наводно да биде аплициран во други услови надвор од клиниката и истото било фактурирано како да е направено на клиника“.

    „Се набавувало на ангро од омилената веледрогерија на СДС, се плаќале баснословни суми, не се водело евиденција каде завршува вишокот од секоја отворена вијала и повторно се создавал недостиг на терапија.

    Овде се работи за канцер мафија, диво месо кое го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите. СДС може да излегува и да го брани овој криминал. Институциите кои ги контролираат може да го прикриваат скандалот, но одговорност ќе има. Анкетната комисија во Собранието извади многу работи на виделина и овие нови моменти кои беа презентирани се причина плус зошто Анкетната комисија треба да продолжи да работи и да го истражи во целиот. СДС не треба да ја опструираат вистината и правдата. Таа ќе ги стигне сите оние кои преку вакви монструозни бизниси се богателе на сметка на животите на пациенти“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img