More

    Приведениот е еден од организаторите на злосторничкото здружување

    spot_img

    Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на првопријавениот во акцијата „Синџир“, соопшти Управата за финансиска полиција. Од  таму велат дека првопријавениот е еден од организаторите на злосторничкото здружување.

    Според наводите содржани во Наредбата за спроведување на истражна постапка, осомничениот е еден од тројцата организатори обвинети за злосторничко здружување ​кое ја оштетило државата за речиси 8 милиони евра.

    Во полициската акција под кодно име „Синџир“, која беше спроведена во градовите Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, а во која полицијата ловеше финансиски криминалци, опфатени се вкупно 26 физички и 28 правни лица. Уапсени беа 20 лица, по шестмина се трагаше, а истрага има за 28 фирми за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img