Недоразбирања помеѓу ЈП Државни патишта на РСМ ,Влада на РСМ и американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“,можат да доведат до поништување на договорот кој тежи неколку милијарди долари, дознава редакцијата Охридскај.
Како што дознава Охридскај за недоразбирањето и можниот прекин на договорот за изградба на автопатот Кичево – Гостивар известена била и амбасадата на САД во РСМ, а клучот на недоразбирањето наводно биле големите финасиски апетити на дел од политичката елита на ДУИ.Од ЈП Државни патишта на РСМ не одговараат на повиците на редакцијата Охридскај ,каде имаве намера да запрашаме за спорната состојба со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“.
Градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Кичево вчера почнаа кај гостиварското село Горна Бањица од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“,како ќе завршат останува да покаже времето!!!