Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубљи без да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубљи без да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Што се однесува до плаќањето на гасот во рубљи, имаме решение кое гарантира дека нема да прекршиме никакви санкции, а во исто време обезбедуваме стабилно снабдување со гас за Унгарија – изјави Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија објасни дека според шемата, филијалата на унгарската МВМ енергетска група ЦЕЕ Енерџи, следната сметка ќе ја плати во евра, која Газпромбанк ќе ја претвори во рубљи и потоа ќе ја префрли на сметката на руски Газпром експорт.

Сијарто изјави дека опцијата за плаќање сметки во друга валута, наместо во евра, е вклучена во билатералниот договор меѓу CEE Energy и Газпром експорт, кој беше склучен во септември 2021 година, а кој сега ќе биде модифициран за да ги одрази планираните промени.

Тој не навлезе во детали, па не е јасно дали падот на руската валута на некој начин ќе влијае на новите услови за плаќање.

Сијарто потсети дека Унгарија, која се потпира на Русија во снабдувањето со најголем дел од нафтата и гасот, беше против заземање заеднички став на ЕУ за прашањето за плаќање на руската енергија во рубљи, бидејќи Будимпешта тоа го смета за билатерално прашање.

Share This Article