More

    Израелски војници се снимале како малтретираат граѓани на Западниот Брег

    spot_img

    Десетици слики и видеа се појавија во текот на изминатата недела на кои се прикажани војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) како ги малтретираат и понижуваат Палестинците уапсени на Западниот Брег, често со врзани очи и со лисици.

    Во едно од најбруталните видеа, кое е замаглено, војниците на ИДФ се снимиле себеси како злоставуваат седум работници од Западниот Брег кои биле фатени во обид да влезат во Израел без дозвола, во областа Јужен Хеброн Хилс, пишува „Тајмс Оф Израел“.

     

     

     

     

    На видеото се гледа како Палестинците се соблечени голи или полуголи, со врзани очи и со лисици, како врескаат од болка. Еден од нив е влечен по земја. На скриншот од видеото се гледа како војник ја става својата чизма на главата на еден од Палестинците, додека друг вперува оружје кон него.

    Во друга сцена на насилство снимена со камера, војник клоца во стомакот на Палестинец со врзани очи, а потоа го плука и го навредува на арапски.

    Во еден пример, религиозен еврејски резервист прегрнува Палестинец со врзани очи и лисици и танцува со него додека пушта религиозна музика на неговиот телефон. Го прашал зошто не танцува додека мажот со врзани очи изгубил рамнотежа.

     

     

    Друг краток клип покажува палестински затвореник со врзани очи принуден да седи на земја со нозете покриени со израелско знаме.

    Како одговор на овие докази, ИДФ објави дека „однесувањето на војниците што произлегува од овие сцени е сериозно и не е во согласност со вредностите на ИДФ. Инцидентите се под истрага. Командантите на ИДФ ќе разговараат со сите војници на фронтот. Еден војник е отпуштен од резервниот тим“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img