More

    Анџелина Џоли проговори – ги нарекува светските лидери соучесници во злосторствата во Газа

    spot_img

    Американската актерка и поранешна амбасадорка на добра волја на Обединетите нации (ОН) Анџелина Џоли реагираше на нападот на Израел врз бегалскиот камп Џабалија во Газа и повика на прекин на огнот.

    Таа на својот Инстаграм профил по нападот сподели фотографии од бегалскиот камп.

    „Ова е намерен напад на заробена заедница која нема каде да бега“, напиша Џоли.

    Таа подвлече дека Газа е отворен затвор во последните 20 години и дека денес брзо се претвора во масовна гробница, јавува Анадолија.

    „Додека светот гледа и со активна поддршка од многу земји, милиони палестински цивили масовно се казнуваат и дехуманизираат додека им се одбива храна, лекови и хуманитарна помош, што е кршење на меѓународното право“, рече Џоли.

    Таа повика и на прекин на огнот.

    „Со одбивањето на барањата за хуманитарен прекин на огнот и спречувањето на Советот за безбедност на ОН да наметне прекин на огнот на двете страни, светските лидери се соучесници во овие злосторства“, рече Џоли.

    Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелски воени авиони во средата го бомбардирале бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img