Шефот на дипломатијата на Северна Кореја во понеделникот го осуди исфрлањето на Русија од Советот за човекови права на ОН.
Тој ја нарече минатонеделната одлука „неразумен чин“ предводен од САД и Западот за одржување на политичката хегемонија, според Ројтерс.
„Она што САД го сакаат е да ги изолираат независните земји и силите кои се борат на меѓународната сцена за да го задржат својот незаконски и нехуман хегемоничен поредок“, се вели во соопштението на државната новинска агенција КЦНА.
Да потсетиме, Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот ја суспендираше Русија од Советот за човекови права на ОН поради извештаи за „грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права“ со инвазијата на Украина. За предлогот гласаа 93 земји, против беа 24, а воздржани 58 земји.