Припадници на Специјалното обвинителство во Хаг, со асистенција на косовската полиција, денеска почнаа претрес во куќата на Исмаил Суља, поранешен советник на Хашим Тачи.
Вчера и завчера беа извршени претреси во куќата и во становите на поранешните советници Тачи, Бљерим Шаља, Башки Смакај и Артан Бехрами.
Специјализираното обвинителство соопшти дека претресите се однесуваат на судската постапка против Тачи и други кои се во тек во Специјалниот суд во Хаг.
Пред неколку месеци беше извршен претрес и во станот на поранешниот советник на Тачи, Адил Бехрами.