More

    Јавноста во Израел е бесна, Сара ги влече одлуките?

    spot_img

    Израелскиот премиер и неговата сопруга се преселиле во замок во Ерусалим за кој се вели дека е опремен со длабок нуклеарен бункер, пишува британски Телеграф. Се вели дека замокот му припаѓа на американскиот милијардер Сајмон Фалик.

    Двојката, која беше обвинета дека земала луксузни подароци, вклучувајќи шампањ и накит во вредност од десетици илјади долари од нивните богати пријатели донатори, има две приватни резиденции во Ерусалим и една во богатиот крајбрежен град Цезареја.

    Плаќаме за три домови за Нетанјаху!

    Јавноста во Израел е бесна. Новинарот Ури Мисгав сподели фотографии од имотот и рече: „Ние реновираме, обезбедуваме и финансираме три домови за семејството Нетанјаху“.

    Тој рече дека персоналот е преместен таму, вклучувајќи го и нивниот личен готвач, а подготовките сугерираат дека идните состаноци со светските лидери исто така ќе бидат преместени таму.

    На 23 октомври новинарот Мисгав сподели слика и напиша:

    „Добро утро. 17-ти ден од војната. Премиерот на неуспехот и уништувањето вечерва се врати да спие во приватната вила на еврејско-американскиот „бесцарински“ тајкун Симон (Симча) Фалик, на улицата Мордехај Каспи во Ерусалим. Таму има одличен бункер кој е отпорен на сите видови проектили, а исто така и сместување кое разгалува. На работното место заминал во 10:15 часот. Дечкото добро спиеше. Мора да го победиме тероризмот како да го нема Нетанјаху и да го победиме Нетанјаху како да нема тероризам. Во спротивно нема да преживееме овде“.

     

     

    Госпоѓата Нетанјаху ги влече конците?

    Неговата сопруга Сара ја обвинуваат дека направила да се одложи на владиниот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври, се вели во статијата на Телеграф. Неименуван извор од безбедносните служби изјавил дека Сара има „уникатна позиција во израелската политика“ и дека влијалеја на низата контроверзни одлуи.

    Меѓу одлуките се спомнуваат и судските реформи и експанзијата на населбите пред војната кои во тоа време ги предизвикаа некои од најтешките граѓански немири во историјата на Израел.

    Со текот на годините, Нетанјаху како семејство се соочуваше со лупа поради нивниот екстравагантен начин на живот.

    – Дополнително, Нетанјаху е обвинет во повеќе случаи кои вклучуваат наводи за примање подароци и мито. Во овие контроверзии, вмешаноста на Сара беше значајна, но тој и таа често се претставуваат како жртви на лов на вештерки – вели изворот.

    Поради Сара пет дена доцнело формирањето воен штаб?

    Замокот со ограда со високо ниво на безбедност ќе ѝ понуди на сопругата на премиерот поголем степен на приватност, далеку од центарот на вниманието и зголемениот гнев на јавноста.

    – Бегањето на Нетанјаху во замокот е поттикнато од нивните сопствени стравови бидејќи израелската јавност станува сè полута – рече Бен Каспит, автор на Годините на Нетанјаху.

    Госпоѓата Нетанјаху е обвинета за петдневното одложување на формирањето воен кабинет за вонредни состојби и за тоа дека не одобрила поранешниот шеф на одбраната, Бени Ганц, да се приклучи на коалицијата, сметајќи го за „слаб“.

    – Сара дефинитивно не е добредојдена на ниту еден шива (будење) или на погреб. Стравот од потенцијалните демонстранти ја ограничи нејзината способност да се појавува на јавни места, дури и за време на нејзините посети на воените бази, каде војниците се разоружуваат пред нејзиното пристигнување – додаде г-дин Каспит.

    Минатата недела израелските граѓани наголемо зборуваа за синот на Нетанјаху, 32-годишниот Јаир, кој, според медиумите, ужива на Флорида во САД уште од минатиот април наместо да учествува во војната како и многу други Евреи низ светот кој се пријавија за резервисти и се вратија во Израел.

    Исто така, се пишуваше дека Јаир воениот рок го отслужил како портпарол на израелските сили наместо да се вклучи во борбени активности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img