More

    Најмалку пет работници го загубија животот во тешка несреќа на градилиште во германски град Хамбург

    spot_img

    Најмалку пет работници го загубија животот во тешка несреќа на градилиште во германски град Хамбург. Несреќата се случила кога се урнало скеле на градилиште, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

    – Неколку луѓе се затрупани под скелето и се сметаат за исчезнати – изјави портпаролот на противпожарната служба.

    Како што премнесува германскиот весник Билд, несреќата се случила денеска околу 9 часот, кога се урнало скеле на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници. По несреќата од градилиштето во Хамбург се евакуирани околу 700 работници.

    Несреќата се случила во делот на пристаништето каде се градат трговски центар, ресторани, деловен простор и хотели. Засега не се знае точна бројка на повредените во несреќата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img