More

    Пет дневни навики кои ги прават исклучително интелигентните луѓе

    spot_img

    Високо интелигентните луѓе прават одредени работи секој ден за да го изострат умот, а во продолжение се некои од тие навики.

    1. Физички се активни
    Интелигентните луѓе веруваат дека здравото тело навистина помага во одржувањето на мозокот здрав, изјави за BestLife Бају Прихандито, животен тренер кој е специјализиран за ментално здравје.

    „Интелигентните луѓе ја разбираат симбиотската врска помеѓу нивното физичко здравје и здравјето на мозокот“, вели тој, истакнувајќи дека физичката активност може да помогне да се подобри вашето „расположение, здравје и когнитивна функција“.

    Оние со висок коефициент на интелигенција се особено добри во активности како трчање, пливање или јога, додава Паркер Гилберт, основач и извршен директор на фирмата за технолошки податоци Numeric.
    2. Управување со времето
    Луѓето кои се многу интелигентни се многу внимателни за тоа како управуваат со своето време, односно на што го трошат. „Најчесто имаат добро структурирани и организирани денови, во кои приоритет на одредени задачи. Ова им овозможува да се фокусираат на решавање проблеми и креативност“.

    3. Подготовки пред одлуката
    Тие добро се подготвуваат пред да донесат важна одлука, особено ментално. „Луѓето кои се многу интелигентни редовно работат на своето критичко размислување“, објаснува адвокатот Дени Мах.

    Тие го прават тоа „секојдневно преиспитувајќи ги претпоставките, анализирајќи проблеми и разгледувајќи различни гледишта пред да донесат одлуки“.

    4. Медитација
    Дури и десет минути медитација дневно се доволни бидејќи медитацијата е таа која го намалува стресот, го подобрува фокусот и помага во подобро разбирање и управување со емоциите, објаснува Прихандито.

    „Луѓето со висок коефициент на интелигенција честопати мора да се справат со сложени проблеми и предизвици – а чистиот ум може да ги наведе да донесат подобри одлуки“, додава тој.

    5. Читање
    Можеби изгледа како клише, но интелигентните луѓе претпочитаат да читаат, особено затоа што се склони кон постојано учење, вели Акшаја Сриватса, здравствен експерт.

    „Дневното читање поттикнува критичко размислување и ги проширува нивните перспективи. Ова им помага да ги задржат нивните умови активни и ажурирани“, истакна тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img