More

    Тренчевска: Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите

    spot_img

    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се обрати во воведните излагања на завршниот настан од заедничкиот проект на Обединетите нации „Планирање и дискурс за миграциска политика заснована на докази во Северна Македонија“.

    Тренчевска на почетокот од своето обраќање ги истакна досегашните соработки со меѓународните организации и посочи дека постојаната комуникација со нив и спроведените активности придонесуваат кон поголем квалитет на живот и соодветен одговор на потребите на мигрантите.

    „Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите. Како солидарна и праведна Влада продолжуваме да работиме на заеднички проекти со Обединетите нации кон подобар прием и третман на мигрантите во нашата држава“ рече Тренчевска.

    Таа ја истакна работата на министерството во насока на зајакнување на одговорот на предизвикот со мигрантите.

    „Активно учествувавме во изработката на најновата Резолуција за миграциска политика 2021-2025 година која е усвоена од Собранието во декември 2021 година; во обезбедувањето на релевантни информации и податоци за Миграцискиот профил на Северна Македонија 2021 година и Индексот на управување со миграцијата 2021 година. На наше барање во 2021 година беа изработени и „Предлогот за измени и дополнувања на Правилникот за стандарди за прием на баратели на азил“ и „Прирачникот за начинот на спроведување на програмата за интеграција на лицата на кои им е одобрен азил“. Ревидираниот Правилник има за цел да ја зајакне меѓусекторската соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи“ рече Тренчевска.

    Тренчевска на крајот од своето обраќање истакна дека посветената работа со меѓународните организации продолжува понатаму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img