Израелската армија во понеделникот соопшти дека „постепено напредува“ во Појасот Газа.
„Ние спроведуваме проширена копнена операција во појасот“, изјави воениот портпарол Даниел Хагари за новинарите.
Тој додаде дека дополнителни израелски војници влегле во Појасот Газа во текот на изминатиот ден.
Офанзивната активност во Газа „ќе продолжи да се интензивира во согласност со фазите на конфликтот и неговите цели“, рече Хагари.
Израелската војска во петокот ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдно бомбардирање по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври.
Во конфликтот загинаа повеќе од 9.500 луѓе, меѓу кои 8.005 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.