Наставата во основните училишта во Општината започна со македонската химна

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово беше во посета на ООУ „Кирил и Методиј“ во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонирање на химната на Република Македонија.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на Фејсбук на која напиша:

„Наставата во училиштата во Гази Баба од денеска започнува со интонирање на химната на Република Македонија“!

„На мое големо задоволство утрово бев во ООУ „Кирил и Методиј“ во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонација на химната на Република Македонија. Преку интонација на химната на Македонија кај дечињата уште од најмали нозе ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина. Сметам дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата мила Македонија. Одлуката за интонација на химната на Република Македонија на почетокот на наставата секој понеделник ја донесе Советот на општина Гази Баба на последната седница. Со љубов кон Македонија!“, напиша Стефковски.

Share This Article