Прво огласување на семејството на Метју Пери по трагичната смрт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светот вчера го шокираше смртта на актерот Метју Пери, кој почина на 54-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.

По смртта на легендарниот „пријател“, Метју Пери, се огласи неговото семејство.

„Срцето ни е скршено од трагичната загуба на нашиот сакан син и брат. Метју донесе толку многу радост на светот, и како актер и како пријател. Сите вие ​​му значевте толку многу и ние го цениме огромниот излив на љубов“, се наведува во соопштението на семејството на Метју Пери.

Да потсетиме, итните служби биле испратени во неговиот дом во Лос Анџелес во саботата во 16:07 часот. Лекарите се обиделе да го спасат Пери додека тој сè уште бил во џакузито, но напорите да го оживеат биле неуспешни и тој бил прогласен за мртов на местото на настанот. Пери не бил пренесен во болница, потврди локалната полиција.

Во текот на утрото Пери два часа го играл популарниот пиклбол (игра слична на тенисот). Потоа го испратил асистентот во набавка, а кога тој се вратил околу два часа подоцна, го нашол Пери и се јавил на Итната помош.

Share This Article