Игор Мазепа е името на познатиот украински милионер кој со сопствен хеликоптер кој во петокот ненадејно слета на поле во Карловац во Хрватска, пишува Јутарни. Жителите на околните села во петокот на терен забележале хеликоптер со украински ознаки, по што веднаш ги алармирале безбедносните служби кои превентивно го опколиле хеликоптерот. Никому не му беше јасно што се случува. Во хеликоптерот немало никој, како екипажот да заминал негде.
Почесниот конзул на Украина во Хрватска, Ивица Пириќ, пријател на украинскиот милионер, за хрватските медиуми вели дека по инцидентот разговарал со милионерот Мазепа. Украинецот наводно му рекол дека имало грешка во протоколот и дека му е жал поради тоа. Милионерот додал дека ќе направи сè за во иднина да не се повторуваат такви работи и сите летови да се вршат според сите правила.
Украинскиот милионер Мазепа е голем обожавател на Хрватска, често престојува таму, а сега всушност со хеликоптер дошол да лови диви свињи. Сепак, летот ќе го чини доста бидејќи ќе мора да плати голема казна за кршење на протоколите при слетувањето. Но, тоа не би требало да биде преголем проблем за овој богат инвестициски банкар, кој инаку е основач на една од трите најдобри инвестициски банки во Украина.
Игор Мазепа е и голем љубител на адреналинските активности, што може да се заклучи од фотографиите кои ги објавува на својот Инстаграм профил. Може да се види како пилотира хеликоптер, лови, скија, вози мотор, јава коњ…
Toј исто така сака да го носи својот син на авантури.