Измешани се емоциите во семејството Ѓоковиќ кога играат Партизан и Црвена Звезда бидејќи Новак е голем навивач на „црвените“, а син му Стефан на „црните“ од Белград.
Двајцата ја користат секоја можност заедно да гледаат натпревари на овие две екипи, а вчера беа во свечената ложа на големото градско дерби во рамките на Евролигата.
Исклучително интересно беше во финишот кога Партизан направи пресврт на задоволство на Стефан.
Алекса Аврамовиќ погоди многу важна тројка за водство на неговиот тим од 83-80, а Ѓоковиќ јуниор скокаше од радост, како и околу 20 илјади гледачи во белградската Арена, додека Ноле безволно ракоплескаше.
Инаку средбата во белградската Арена беше навистина неизвесна и на крајот се радуваше Стефан, бидејќи неговиот Партизан го победи лутиот ривал со 88:86.