More

    Виктор во љубов со згодната пејачка

    spot_img

    Виктор Живоиновиќ, помладиот син на Лепа Брена, не сака да се истакнува во медиумите, но неговиот љубовен живот постојано е во центарот на вниманието на јавноста.

     

    Имено, пред извесно време Виктор ја прекина долгогодишната врска, а сега веќе подолго време ужива во љубовта со атрактивната колешка на мајка си и поранешна ѕвезда на Гранд.

     

    Станува збор за убавата и згодна пејачка Лена Чолак, препознатлива по својата необична фризура, која со години имаше две бои на косата и неодамна одлучи тоа да го промени.

    Пред две години медиумите вака пишуваа за славниот пар:

    – Виктор и Лена се познаваат подолго време, бидејќи таа беше ангажирана да пее на приватните прослави на семејството Живоиновиќ. Дури и тогаш му го привлекла вниманието на Виктор, но меѓу нив никогаш ништо не се случило. На Виктор му се допаѓа колку е амбициозна и спонтана Лена, особено е задоволен што таа не ја гради својата кариера на скандали. Не се надеваше дека и таа ќе се појави на настанот на кој се наоѓаа, па кога ја здогледа, беше многу среќен – изјавил изворот за „Стар“.

     

    Инаку, Лена привлекува големо внимание со своите фотографии на Инстаграм, а поради нејзината убавина и згодното тело ретко кој останува рамнодушен.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img