More

    Цели се складишта со муниција на Иранската револуционерна гарда

    spot_img

    Врз две локации во источна Сирија, каде се наоѓаат групи поврзани со иранската Револуционерна гарда, од рано утринава американски ловци изведуваат воздушни напади, како одмазда за нападите што почнаа минатата недела врз американските војници во регионот,  соопшти Пентагон.

    Американските медиуми цитираат висок американски воен претставник, кој наведе дека авионите Ф-16 извршиле прецизни напади во близина на Букамал, а нападнати се и магацини за муниција во области што, како што рече, се поврзани со Иранската револуционерна гарда.

    Официјалниот претставник додаде дека на местото на нападот има милиции поврзани со Иран, како и членови на Револуционерната гарда, но нема цивили.

    „САД засега немаат информации за жртви или предизвикани штети“, додаде официјалниот претставник.

    Тој додаде дека тие локации биле нападнати затоа што, како што наведе, Иранската револуционерна гарда складира „различна муниција што се користела во нападите врз американските бази и војници“.

    Пентагон соопшти дека од 17 октомври имало најмалку 19 напади врз американски бази и војници во Ирак и Сирија, вклучувајќи и три вчера.

    Бригадниот генерал на американските воздухопловни сили, Пат Рајдер, изјави дека 21 припадник на американската војска се повредени во два напади со беспилотни летала врз воздухопловната база Ал Асад во Ирак и воздухопловната база Ал Танф во Сирија.

    Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин објави дека „прецизните напади се одговор на серијата тековни и главно неуспешни напади против американската војска во Ирак и Сирија од групи поддржани од Иран“. Тој нагласи дека американскиот претседател Џо Бајден ги насочил нападите за да биде јасно дека САД нема да толерираат такви напади и дека ќе го бранат својот персонал и нивните интереси, нагласувајќи дека овие операции се одвоени од војната на Израел против Хамас.

    Остин кажа дека САД не сакаат поширок конфликт, но дека ако групите сојузници на Иран продолжат да напаѓаат, САД нема да се двоумат да преземат дополнителни мерки за заштита на своите сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img