Поранешната натпреварувачка на „Танц со ѕвездите“, хрватската инфлуенсерка и академска сликарка Денис Гргиќ, се пофали дека ужива во Рим, а не ја пропуштила и посетата на Ватикан.
Денис се возела низ Ватикан со скутер, во краток фустан кој во еден момент го подигна и го покажа задникот, на изненадување на случајните минувачи.
Инаку, инфлуенсерката на Инстаграм ја следат повеќе од 92.000 луѓе, а нејзините фотографии од Ватикан предизвикаа бројни коментари.
„Леле“, „Прекрасна“ и „Вистинска хрватска убавица“, се само дел од коментарите на следбениците.
Да потсетиме, ова не е првпат Денис да предизвика хаос на улица. Таа во јуни се прошета низ Загреб во лелеав фустан кој ја откриваше нејзината долна облека и на тој начин го привлече вниманието на минувачите.
Инаку, Денис ја нарекуваат „хрватската Меган Фокс“ поради сличноста со холивудската убавица.
ФОТО: Инстаграм