More

    Да не трошиме пари два пати за иста работа, вели Николоски

    spot_img

    Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека најдобро е претседателските и парламентарните избори да се спојат бидејќи во услови кога економијата е девастирана најмалку што треба е Македонија да троши од 8 до 10 милиони евра за одржување на изборите.

    – Очајот нема граница и очигледно овде сме во ситуација каде што очајот на СДСМ и ДУИ го гледаме на сцена. Избори во Македонија ќе се случат тоа е законска и уставна обврска. Логично е, рационално е Македонија два пати да не троши пари за избори затоа што во една ваква девастирана економија каде што последните податоци велат дека поскапувањето на храната е за цели 46 проценти, значи тоа е за нешто половина, ако граѓаните пред половина година купувале да речеме за 100 денари сега истото го купуваат за 150 денари. Ако до пред година и половина можеле да пазарат за дома, за неколку дена за 1000 или 1200 денари сега истото го купуваат за 1.500 до 2.000 денари. Така што јасно е каде е државата економски. И во такви услови последно што треба да прави Македонија е два пати да троши од 8 до 10 милиони евра со опасност да треба и три пати да троши бидејќи можно е претседателските избори да не се успешни затоа што треба консензус во вториот круг од 40 проценти излезеност – рече Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img