„До Кабинетот на претседателот не се доставени информации за случаи на сексуално вознемирување на припаднички на Армијата од страна на високи армиски функционери“.
Ваков одговор добивме од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски откако пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кажа дека високи офицери изнудувале секс-услуги од подредени колешки во Армијата.
„Доколку постојат вакви случаи, претседателот Пендаровски смета дека е потребно веднаш да биде спроведена детална истрага, да се заштитат жртвите, да има целосна одговорност и казни за сите лица кои си дозволиле да ја искористат службата за извршување на вакви дела. Претседателот Пендаровски го охрабрува пратеникот Ковачки сите сознанија што ги има за случаи на сексуално вознемирување во Армијата да ги достави до надлежните институции со цел преземање на понатамошни соодветни дејства“, велат од Кабинетот на претседателот.