Градоначалникот на општина Тетово Билали Касами истакна дека, ако се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна, објави ТВ 21.
– Тоа е политичко прашање. Како градоначалник можам да кажам дека ќе ги почитуваме законите и Уставот, но во исто време мора да ја почитуваме и различноста. Во овој случај, ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно оти ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, ќе мора да се пее и албанската химна – рече Касами.
Во некои скопски општини, како во Аеродром, учениците во основните училишта секој понеделник пред почетокот на наставата слушаат интонирање на химната.