More

    Универзитетски професори имаат уплав да го рецензираат

    spot_img

    Учебникот „Историја и општество“ за петто одделение уште ќе доцни, бидејќи не се пријавиле универзитетски професори да го рецензираат. Учебникот беше повлечен лани, поради стотици грешки во него.

    Ова вчера го изјави министерот за образование Јетон Шаќири, кој се пофали дека доставата на другите учебници што доцнеа во Скопје завршила вчера. Тој потврди дека има проблеми со учебниците по „Историја и општество“ за петто и за шесто оддееление.

    Претходно тој најави дека учебниците ќе стасаат до крајот на септември, или најдоцна до почетокот на октомври.

    – Имаше ситуации каде што за одредени учебници требаше да се работи на графичко-техничка регулација, a некои автори побараа некои делови од учебниците да се коригираат. Затоа се доцнеше – се оправда Шаќири.

    Најдоцна до крајот на ноември, Бирото за развој на образованието ќе ги достави новите програми за седмо одделение, за да стигнат навреме да се испечатат за наредната учебна година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img