More

    Ќе се користи новата технологија на американската компанија „Вестингхаус“

    spot_img

    Бугарија ќе го прошири производството на нуклеарна енергија како алтернатива на фосилните горива и најави изградба на два дополнителни реактори во единствената нуклеарна централа Козлодуј.

    Двата нови реактори, кои ќе обезбедат вкупно 2.300 мегавати, ќе ја користат новата технологија на американската компанија „Вестингхаус Електрик“, која преку овој проект сака да се пробие на европскиот пазар.

    Бугарскиот премиер Николај Денков денеска изјави дека Владата издвоила 250 милиони евра за проектот и додаде дека првиот реактор треба да биде готов за пуштање во 2033 година, а вториот две до три години подоцна.

    Во нуклеарната централа Козлодуј  се вградени два руски реактори ВВЕР-1000 од по 1.000 мегавати кои произведуваат околу една третина од електричната енергија во земјата. Нивните лиценци за работа истекуваат во 2027 и 2029 година, но тие би можеле да бидат во функција подолго доколку тоа го одобри тамошниот регулатор.

    Во 2006 година, Бугарија мораше да затвори четири постари реактори ВВЕР-440 како услов за влез во Европската унија.

    По почетокот на руската инвазија на Украина, Бугарија презеде чекори за ослободување од нејзината речиси целосна енергетска зависност од Москва.

    Како дел од напорите за диверзификација на изворите на енергија, минатата година Бугарија потпиша договори со француската компанија „Фрамат“ и американската „Вестингхаус“ за добивање свежо нуклеарно гориво за оперативните реактори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img