Потресна снимка од спасувањето цивили од под урнатините во Газа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новинарите на NBC News снимија спасувачки тимови во Газа кои ги пребаруваат урнатините на зградите по уште еден израелски воздушен напад. Од под урнатините се извлекуваат повредени цивили, меѓу кои има многу деца. Досега Израел уби повеќе од 6.500 луѓе во одмазднички напади против Хамас.

Бајден вчера рече дека не им верува на бројките за цивилните жртви дадени од Министерството за здравство во Газа под контрола на Хамас, но рече дека е императив Израел да се фокусира на нападите врз лидерите на Хамас.

-Немам чувство дека Палестинците да ја кажуваат вистината за тоа колку луѓе се убиени. Сигурен сум дека се убиени невини, а тоа е цената на водење војна – рече Бајден.

Американскиот претседател посочи дека израелските напади треба да бидат насочени кон луѓето кои ја пропагираат војната, а не кон цивили.

-Израел мора да биде неверојатно внимателен и да се фокусира на луѓето кои ја пропагираат оваа војна против Израел, а не на цивилите. Против неговите интереси е ако не се случи тоа. Но, јас не верувам во бројот што го наведуваат Палестинците – истакна Бајден.

Воени авиони на израелските одбранбени сили нападнаа повеќе од 250 цели на Хамас во Појасот Газа во последните 24 часа, изјави портпаролот на ИД, адмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека биле нападнати оперативниот штаб, тунелите и ракетните фрлачи кои биле поставени во цивилна средина.

Израелските одбранбени сили потврдија дека извршиле воздушен напад врз терористичката инфраструктура на Хамас во Појасот Газа, каде вчера беа убиени 12 членови на семејството на новинарот на Ал Џезира. Нападот погоди куќа во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, каде што се засолниле роднините на шефот на бирото на Ал Џезира во Газа, Ваел Ал-Дахдух. Меѓу убиените се сопругата, синот, ќерката и внукот на Ал Дахдух.

Share This Article