Напаѓач вооружен со автоматска пушка уби 22 лица, а рани повеќе од 50 во Левистон, во американската сојузна држава Мејн, јави телевизијата NBC, повикувајќи се на полициски извори.
Маж пукаше на повеќе локации, вклучително и куглана и ресторан, во средата вечерта, а не се верува дека станува збор за терористички напад.
Полицијата трага по 40-годишниот инструктор за огнено оружје Роберт Кард.
Се тврди дека Кард во текот на летото поминал две недели во психијатриска болница бидејќи „слушал гласови“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден бил информиран за настанот додека бил на вечера со австралискиот премиер Ентони Албаниси.
Левистон има население од околу 37.000 жители и е втор по големина град во Мејн.
Минатата година во Мејн беа извршени вкупно 29 убиства, а во 2020 година 20.