More

    Мече загина на патот кон Вејце

    spot_img

    Утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк „Шар Планина” пријавило дека на локалниот пат кон село Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител.

    Како што информираа од ЦУК, екипа на МВР извршила увид на местото на несреќата, а телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.

    Ловечкото друштво „Стогово-2“, во кое членуваат ловци од општините Дебар и Центар Жупа, денеска упати апел до жителите на двете општини да бидат многу внимателни, поради присуството на мечки во близина на населените места.

    – Апелираме до сите жители на Дебар и Центар Жупа, да бидат многу внимателни, особено оние кои одат на берба на костени, ореви или собираат печурки, да не се движат сами и да изберат безбедна патека на движење покрај нивните земјоделски површини или доколку се движат во шуми. Ваква голема присутност на мечки до сега не е регистрирана во нашето подрачје, што оправдано предизвикува голема загриженост кај населението – рече за МИА, Роланд Војника претседател на друштвото.

    Тој додава дека недостигот на храна за дивите животни, е причина за нивно доближување до населените места.

    – Немаат храна, концесионерите не вршат прихранување и по потрага по храна дивечот се доближува до населените места,  и истовремено им ја зголемува и агресивноста. Имаме поплаки од поголем број граѓани, кои не можат слободно да одат на нивните имоти, сега кога бербата на костенот и оревот е во полн ек. Надлежните нешто мора преземат – посочува тој.

    Мечките во текот на летните месеци во општина Дебар, но и во поширокиот регион, уништија околу 200 пчелни сандаци, но за среќа немаше регистриран случај на напад од мечка врз човек. По пат тие причинуваа штети и врз земјоделските посеви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img